|
Tata ги купи Jaguar и Land Rover |
|
|
|
[27-03-2008 | 00:17 часот] |
Jaguar и Land Rover, гордоста на секој Британец, денеска беа продадени на индискиот авто гигант "Tata" - објавија медиумите. Ford, кој досега беше...
... најголемиот акционер во Jaguar и Land Rover, го продаде својот дел на Tata Group за 2,3 милијарди долари. Ова е крај на една ера за Британија, но донесува надеж дека овие компании ќе "останат на нозе". Сега овие престижни возила ќе се произведуваат рамо до рамо со нај ефтиниот автомобил на светот, Tata Nano кој се продава за 2,500’. J aguar, Aston Martin и Land Rover беа дел од Ford групацијата, но надежите на Американците за голем профит брзо се распрснаа, така од сите дополнителни брендови во нивна сопственост сега останува само Volvo. Од друга страна, индискиот Tata, со кушување на иконите на британската автоиндустрија на голема врата влегува во бизнисот на луксузни автомобили.  |