Cadillac-от на Тито во Загреб Печати Е-меил
[27-03-2008 | 23:33 часот]
 На престојниот "Zagreb Auto Show" кој се одржува од денеска (27 март) до 06 април, ќе биде изложен и Cadillac-от на Тито - "Eldorado" од 1953 година. Моделот на...

 

...Cadillac-от на Тито е произведен само во 532 примероци, а го добил на поклон од тогашниот претседател на САД- Dwight Eisenhower (1953-1961).

Во тоа време, тоа бил еден од најлуксузните автомобили на светот.

Eldorado-то повеќе од 20 години му служеше на Тито, а денес служи како изложбен примерок и претставува туристичка атракција во националниот парк Бриони.

Во Бриони дури може да го изнајмите автомобилот и да се возите како Тито. Еден час вакво задоволство ќе ве чини 750евра. 

Cadillac-от минатата година беше целосно реставриран.