Madonna: имам супер секс со Ritchie! Печати Е-меил
[28-03-2008 | 00:18 часот]
 Нејзиниот потпарол Liz Rosenberg, а и самата Madonna ги демантираа гласините за наводниот развод со нејзиниот сопруг Guy Ritchie. Напротив, таа за магазинот OK...

 

...изјави дека е презадоволна од сексуалниот живот со 10 години помладиот сопруг, и дека сеуште многи се забавуваат во нивната спална соба.

- Не знам кој ви рекол дека откако ќе се омажите и ќе имате деца значи дека завршува еротиката во вашиот живот - изјави Madonna за ОК.

За хармонијата на бракот на Madonna биле интервјуирани и нејзините пријатели.

Тие потврдиле дека секогаш кога ќе одат да ја посетат на нејзиниот имот, можеле да забележат колку поп-иконата е среќна и задоволна од животот.

Овие изјави на Madonna беа испровоцирани од бројните шпекулации низ медиумите дека нејзиниот брак е пред распад.

Некои медиуми отидоа дури до таму што пишуваа дека тие веќе се разделиле, и Madonna, наводно, сама се вратила во Америка.