|
Најдобри се - природните креми |
|
|
|
[12-06-2006 | 23:48 часот] |
За време на топлите летни месеци подобро да ја заштитите својата кожа од штетните сончеви зраци со помош на природни препарати наместо вообичаените кои често содржат штетни состојки, препорачува Германското здружение за заштита на животната средина...
Експертите од здружението со седиште во Берлин објаснија дека природните препарати за сончање содржат минетали како што се титан-оксид или цинк-оксид, кои ги блокираат УВА и УВБ зраците, додека вообичаените креми за сончање штитат само од УВБ зраците. Покрај тоа, некои класични препарати за сончање содржат хемикалии кои можат негативно да влијаат на штитната жлезда и парфеми кои предизвикуваат алергија. На потрошувачите им се препорачува да ги читаат етикетите на кремите за сончање со цел да утврдат дали состојките во нив се природни и дали производот има гаранција за органско потекло. Значи, за летово набавете си квалитетни креми за сончање - без хемикалии. |