Тајна венчавка на Brad и Angelina?! Печати Е-меил
[30-03-2008 | 22:51 часот]
 После цел викенд верување дека најпопуларниот холивудски пар тајно се венчале, шпекулациите кои ги пласираше "Star Magazine" се демантирани. "Star" во...

 

... саботата лиферуваше сензационална вест дека Brad Pitt (44) и Angelina Jolie (32), дента тајно се венчале во црква во New Orleans.

Магазинот тврди дека имало интимна церемонијата, на која присуствувале најблиските роднини и пријатели на парот. Само толку требаше за медиумите низ светот да објават за тајната венчавка на холивудскиот пар.

Ден потоа, реномирани медиуми како Foxnews и People.com ја демантирааа веста.

Brad и Angelina во последно време најмногу се стационирани во францускиот дел на New Orleans.

Таму поседуваат куќа со 6 спални соби, а вредноста на овој објект изнесува околу 2 милиони долари.

Луксузната зграда има лифт, сопствен паркинг, голема дворна површина како и две помали помошни куќи, кои се наменети за гости.

Глумицата, поради последните проблеми со бременоста, ги откажа снимањата на сите филмови, и времето го поминува одмарајќи се со децата.