"Мобилна" Револуција на Куба Печати Е-меил
[30-03-2008 | 23:07 часот]
 Новиот претседател на Куба - Raul Kastro одлучил на Кубанците да им дозволи користење на мобилни, што досега било привилегија само на странците...

 

... и државните функционери. Куба моментално има најмал процент на корисници на мобилна телефонија во цела Латинска Америка.

Кубанскиот оператор ETEKSA најави дека ќе стартува мобилен сервис за општа употреба во наредните неколку денови.

Компанијата излезе со соопштение каде вели дека сите Кубанци кои (нелегално) користат мобилни преку странски оператори, сега ќе може да добијат број на свое име.

ETEKSA напомена дека стартувањето на мобилна телефонија за Кубанците е овозможено благодарејќи на помошта и технологијата на пријателската Кина.