За швалерот смрт, за "неа" ќотек Печати Е-меил
[12-06-2006 | 23:56 часот]
 Исламскиот суд во Соединетите Арапски Емирати, осуди на смрт со каменување, маж кој извршил прељуба, пишува локалното списание, „Халеј Тајмс“. Неговата љубовница, која инаку работела како слугинка, била казнета со година дена затвор и ќотек...

Љубовниците, затечени во постела биле уапсени, откако сопственикот на куќата сфатил дека неговата слугинка тајно го донела мажот во куќата.

По ова, жената се спасила од смртната казна бидејќи за разлика од нејзиниот љубовник, не била мажена.

Судството во Соединетите Арапски Емирати, исто како и во соседна Саудиска Арабија, при донесувањето на пресуди, го применува Шеријатот, исламско право кое се темели на Куранот.