Среќен роденден Firefox! Печати Е-меил
[31-03-2008 | 23:19 часот]
 Пред точно 10 години службено е лансиран Mozilla - најпознатиот слободен софтвер на светот. Успехот е повеќе од докажан. 60% од нашите посетители користат Firefox...

 

... додека низ светот повеќе од 170 милиони луѓе ги користат производите на Mozilla.

Денес Firefox е достапен на преку 40 јазици (вклучувајќи и Македонски), бесплатен е, и докажано е меѓу најсигурните browser-и на пазарот.

Додека Explorer-от на Microsoft сеуште има многу проблеми со стандардите, Firefox строго ги применува web-стандардите кои овозможуваат сите страници кај корисниците да изгледаат како што се замислени.

Брзината е неспоредлива во однос на Explorer-от. Firefox е толку брз, што веднаш ќе приметите разлика во брзината на сурфањето.

На сите оние кои не го користат, искрено им препорачуваме да му дадат шанса.

Најновата верзија на Firefox може да ја преземете овде.