Creative ZEN од 32 гигабајти Печати Е-меил
[31-03-2008 | 23:30 часот]
 Компанијата Creative ја објави продажбата на својот најпопуларен плеер - ZEN со капацитет од 32 гигабајти. Новите плеери ќе се продаваат во Европа, а во...

 

... нив ќе може да се складираат 16.000 музички фајлови, 110 часа видео или околу 10.000 фотографии.

Дополнително, плеерите можат да се надоградат со дополнителна меморија, и тоа преку слот за SD картици, какви што се користат и во дигиталните камери.

ZEN е мултифункционална направа и овозможува слушање на музика во ААЦ формат, како и репродукција на MP3 и WMA аудио фајлови. Плеерот подржува и видео репродукција во DivX/XviD формат.

ZEN плеерот се одликува со елегантен дизајн, па затоа ќе се продава со кожна или силиконска маска, со заштита на екранот, и многу други додатоци.