Стресот на модерниот живот како да не е доволен, па на низата пореметувања и болести им се придружи уште еден страв кој експертите го нарекуваат...
... "номофобија", а доаѓа од изразот "no mobile". Од оваа новодефинирана фобија во светот патат над милион луѓе, а поблагите облици ја зафаќаат 53% од популацијата која користи мобилни телефони, тврдат експертите. Луѓето станаа толку зависни од мобилните телефони, така што празната батерија или немањето кредит кај некои од нив доведува до фрустрација и голем стрес. Од сите секојдневни стресови, се чини дека на модерниот човек најголем страв му причинува останувањето без можноста да контактира преку мобилниот телефон. Најновото истражување спроведено во САД покажа фрепантни зависнички резултати. 48% од жените и 58% од мажите признаваат дека чувствуваат напнатост, нервоза и лесна паника кога ќе им се испразни батеријата, кога ќе го заборават мобилниот, или пак кога се наоѓаат на места кои се надвор од мрежната покриеност. Секој втор испитаник признава дека никогаш не го исклучува мобилниот и сака да биде достапен во секое време. Голем е и бројот на испитаници кои се нервозни кога телефонот им е исклучен. Експертите предлагаат полежерно користење на мобилниот и реално согледување на неговата намена, за да се избегне нереалната зависностод мобилниот телефон. |