Црвенокосите се сексуално најактивни Печати Е-меил
[01-04-2008 | 23:10 часот]
 Вечното прашање на секој маж е каква жена да одбере - плавуша или бринета? Меѓутоа, многумина ја забораваат третата група на жени кои некако се секогаш во...

 

... позадина - црвенокосите.

Плавушите се оние кои подобро се забавуваат, но црвенокосите се сексуално поактивни.

Иако се чини дека црвенокосите жени се најнепривлечни за мажите, според најновото истражување се покажа дека токму црвенокосите се и најпромискуетни.

Студијата која беше спроведена во Холандија ги проучуваше сексуалните животи на стотина жени со различна боја на косата.

"Сексуалниот живот на црвенокосите жени е многу поактивен од оној на жените со друга боја на коса", изјави предводникот на истражувањето Warener Habermehl.

Исто така, резултатите покажaa дека црвенокосите жени имаат повеќе партнери.

Habermehl смета дека жените кои ја фарбаат својата коса црвена, сигнализираат дека се жешки партнерки.