|
Најголемиот мобилен во светот |
|
|
|
[02-04-2008 | 23:09 часот] |
Еден Кинез се надева дека ќе биде запишан во книгата на светски рекорди откако го изработи најголемиот мобилен на светот. Господинот Tan, од Songyuan, вели...
... дека неговиот 914 cm висок, и 21 килограм тежок мобилен - е копија на неговиот телефон, само 620 пати поголем. Локален новинар го тестирал мобилниот, преку разговори и праќање на SMS пораки, и се уверил дека е комплетно функционален. Tan изјавува дека мобилниот ги има сите функции како и нормалниот, вградена камера и пристап на интернет, само единствена мана е што не успеал да направи доволно голема батерија, па така мобилниот се полни на посебен полнач. "Многу мои пријатели се плашеа дека нема да го завршам, а единствено мојот татко ме охрабруваше да продолжам", изјави Tan по повод промоција на најголемиот мобилен на светот.  |