Рап музиката ја промовира дрогата Печати Е-меил
[03-04-2008 | 00:49 часот]
 Рап музиката ја зголеми "фамата" за употреба на марихуана, крек и кокаин - како симбол на статус и добра забава, вели студијата објавена во " Addiction Research & Theory"...

 

Студијата утврди големи промени во текстовите од раните денови на рапот, кога низ песните младината се предупредуваше за штетните последици од дрогата.

Во 341 текстови/песни од најпопуларните рап нумери од периодот од 1979 до 1997 се увидени големи варијации.

Во 38 нумери од '79 до '84 во само 4 песни била споменета дрогата.

Во касните 80-ти овој тренд е зголемен на 19%, додека после '93 дури во 70% од песните се споменува употреба на дрога.

Во текстот на "White Lines" снимена во '83 се вели дека кокаинот не прави ништо друго освен што ти го "суши" мозокот, додека во текстовите на поновите рап песни дрогата се споменува во позитивна конотација.

Ова е алармантен тренд кој мора да се спречи, за младината да не добива искривена слика за дрогата. - стои во крајот на студијата.