Подготовките за Евросонг кој ќе се одржи во белградската Арена од 20-24 мај, продолжуват со полна пареа. Конечно статистичките податоци се објавени...
...со кои уште еднаш се потврдува дека српскиот Евросонг ќе биде најспектакуларно издание досега. Бината веќе се изработува во Англија, а ќе биде импозантна во однос на сите параметри. Ќе биде широка 24 метри, а длабока 25 метри, со што ќе стане најголемата бина во историјата на оваа манифестација. "Ќе имаме се она што ја краси секоја сценографија на Евросонг, но исто така и San Remo и останатите светски фестивали од тој ранг. Екраните ќе завземаат површина од 500 квадратни метри, а ќе ги има на позадината, на подот и на плафонот", изјави сценографот Горан Јоксимовиќ. "Изгледот на сцената ќе се менува, а во план ни е да постигнеме и некои делови да се движат во живо во програмата", додава сценографот. Скицата која победила на конкурсот, поради техничките барања е прилично изменета. За најмодерната техника во сценографијата се ангажирани експерти од Англија, Шведска, Германија и од уште неколку европски земји.  |