Многу е веројатно дека мажите имаат погрешни сфаќања околу времетраењето на секс - кој би ја задоволил понежната половина. Анкетата која ја спроведоа...
... секс терапевти, ги побива тврдењата дека долготрајноста е клуч за одличниот сексуален живот. Но, ако ви звучи како добра вест, не би требало премногу да се радувате. Ова време кое се споменува, не ја вклучува предиграта, а самиот секс кој трае под 5 минути, терапевтите го означуваат како “прекраток“. Примарното истражување покажува дека мажите и жените сакаат долга предигра. Меѓутоа, резултатите од истражувањата сепак покажуваат дека сексуалниот однос во просек трае 7,3 минути. “На мажите им е особено важно да успеат да го продолжат сексуалниот однос, поради митовите и приказните за туѓите сексуални искуства. Јасен е фактот дека туѓиот сексуален живот и не е толку возбудлив колку што се мисли“, изјави Marianne Brandon, психолог од "Wellminds Wellbodies". Експертите сметаат дека со објавувањето на овие резултати и факти, притисокот кој партнерите го чувствуваат значително ќе се намали и ќе го потисне стравот од "недоволно долгиот" сексуален однос. |