Црномурестите ѕвезди Jay-Z (38) и Beyonce (26) кој се во врска од 2002, избегнувајќи ја јавноста и медиумите "тивко" се венчаа во петокот во New York во присуство на...
... семејството и најблиските. - објави магазинот "People". Приватната венчавка со мал бој блиски пријатели и членови на семејството било желба на Jay-Z. По венчавката тие се упатиле на забава во "Tribeca" апартманот на Jay-Z. Според "People", меѓу присутните биле родителите и сестрата на Beyonce, колешките од Destiny's Child - Kelly Rowland и Michelle Williams, и заедничката пријателка на парот - Gwyneth Paltrow. Веста ги преплави медиумите, но сепак нема официјална потврда ниту пак демант од потпаролите на ѕвездите. Иако "People" објави и фотки од пристигнувањето на блиските пред апартманот на раперот, сепак јавноста сеуште се сомнева во веродостојноста на веста. Изминатата недела иста вест за "тајна венчавка" беше лиферувана за Brad и Angelina, која после два дена беше демантирана од нивните потпароли, кои ја окфалификуваа како лажна шпекулација објавена од магазинот "Star".  |