|
Промовирана новата Seat Ibiza |
|
|
|
[07-04-2008 | 22:28 часот] |
Seat изминатата недела во својот развоен центар близу Барцелона - ја промовираше новата генерација на популарниот модел Ibiza. Новото возило...
... односно модел на Ibiza, ќе нуди високо ниво на луксуз, иновативност и опременост. Новата генерација на Ibiza ќе се нуди со три бензински мотори: 1,2-литарски со 70 КС, 1,4-литарски со 85 КС и 1,6-литарски со 102 КС. Секој мотор ќе биде во комбинација со петстепен менувач. За подоцна, во гамата на моделот ќе биде понуден и мотор со дизелски агрегат. Сите бензински мотори испуштаат помалку од 160 г јаглероден диоксид, и на целата гама е посветено големо внимание за минимум загадување. Сегашната генерација на Ibiza ќе биде подолга од претходникот и ќе има 405 см. Во Македонија, овој нов модел на Seat ќе пристигне во јуни. 

 |