Сексот и парите - ист порок Печати Е-меил
[07-04-2008 | 22:50 часот]
 Новата американска студија би можела да објасни што точно се случува во мозокот на луѓето кои "негуваат" ризични финансиски потези. Кога на мажите им биле покажани...

 

... еротски фотографии, биле повеќе склони кон финансиско коцкање, отколку кога им биле покажувани сосема неутрални фотографии.

Научниците од универзитетот "Northwestern" проучувале 15 хетеросексуални млади мажи, а фокусот бил на делот на мозокот кој има клучна улога во чувствувањето на задоволство.

Со магнетна резонанца е откриено дека еротските фотографии го активираат истиот дел на мозокот, кој се активира при превземање финансиски ризици.

"Докажавме дека парите и жените активираат ист дел од мозокот. Силата на емоциите, сексуалното возбудување и нашите финансиски одлуки навистина се поврзани.

Жената кај мажот предизвикува одредени емоции, што потоа се одразуваат на вашите финансиски одлуки", објасни Brian Knutson, психолог и предводник на студијата.