Katie & Posh - "Подели, па ослаби" Печати Е-меил
[07-04-2008 | 23:28 часот]
 Пријателството кое ги врзува Katie Holmes и Victoriа Beckham, може да биде причината за нивната слаба фигура. Тие две се видени во ресторанот "Modeo" во Лос Анџелес како...

 

... делат еден оброк, и една шишенце вода. Или како што ја нарекоа новата "Hollywood" диета - "Подели, па ослаби".

Katie и Victoria се редовни гости во "Modeo", па таму веќе никој од персоналот не се чуди кога двете пријателки нарачуваат јадење за еден човек.

Најчесто јадат незачинета зелена салата, бела риба и зеленчук на пареа.

Секако... станува збор за порција која ја делат на пола.

Истото се случува и со шипето вода, а наместо десерт се засладуваат со газиран пијалак.

Ни тука не претеруваат, секоја пие само по пола чаша од газираниот сок.