|
"Coldplay" се најдобри за заспивање |
|
|
|
[07-04-2008 | 23:47 часот] |
Музиката на бендот "Coldplay" е најдобра за заспивање, вели анкетата која ја спроведе ланецот на хотели "Travelodge". Бендот чиј фронтмен Chris Martin...
... јавно изјавува дека избегнува алкохол и кофеин и дека единствениот негов стимуланс е рокенролот, е омилен избор кај анкетираните. Други артисти кои добро котираа на листата на "Музика за заспивање" се James Blunt, Snow Patrol, Take That и Norah Jones. Што се однесува до оние кои милуваат да заспијат со книга во рака, нивниот избор се сведе на "селебрити" авто-биографиите. Според анкетата топ избор се автобиографиите на старлетата Jordan, потоа на фудбалерот David Beckham, па следат биографиите на Jodie Marsh и Sharon Osbourne. Во истражувањето биле анкетирани 2.248 британци.  |