Hyundai лансира хибрид автомобил Печати Е-меил
[08-04-2008 | 23:24 часот]
 Јужнокорејскиот произведувач на автомобили Hyundai, соопшти дека планира да започне сериско производство на хибридни возила следната година, а...

 

... првиот модел ќе биде компактен фамилијарен автомобил - "Avante".

Хибридот "Avante" ќе биде опремен со два мотори, комбинација од мотор со внатрешно согорување на течен гас(LPG) и електричен мотор на батерии.

Од 2010 година Hyundai ќе започне со производство и на поголеми хибриди, вклучувајќи спортско - теренски автомобили.

Компанијата исто така планира да произведува и електрични возила со систем на "горливи ќелии" до 2012-та година.

Во рамките на пилот проектот во соработка со Kia, уште во 2004-та година, започна изработката на хибридни возила за потребите на јужнокорејската влада, на која до сега и се испорачани 2.800 возила.