Романтичната комедија "27 Dresses" е најгледаниот филм изминатата недела во британските кина, објави магазинот "Screen International". Приказната за вечната...
... деверуша која со нетрпение го очекува "нејзиниот ден", со Katherine Heigl од "Вовед во анатомија", оствари најголема заработка на кино касите.
На второто место се најде "Son of Rambow", носталгична приказна за две деца кои го имитираат Silvester Stalone од '80 години.
Трет е филмот за школата за танци "Step Up 2 The Streets", четврти е "Never Back Down", додека на петто место "The Spiderwick Cronicles", приказна за селидба на њујоршки пар со три деца во проклета куќа.
Потоа следи "Horton", анимираниот филм за слонот кој сака да го спаси микроскопскиот свет, на 7-то место трилерот "Awake" со Hayden Christensen, додека хоророт "One Mised Call" се најде на 8-мо место.
9-та е тинејџерската комедија "Drillbit Taylor", а на 10-то место е приказната за завера т.е убиство на претседателот на САД - "Vantage Point".