|
Штикла од 15см, а ни таа ја нема... |
|
|
|
[10-04-2008 | 01:03 часот] |
Штиклите на дизајнерот Antonio Berardi би можеле да станат нов моден хит. Иако не се толку опасни како што изгледаат, за нивното носење е потребен мал тренинг..
Ако сепак се одлучите да балансирате на овие оригинални кондури, ќе треба да одвоите 2250 евра. И очекувано... ни цената ни ризикот не им сметаше на неколку холивудски ѕвезди веќе да ги нарачаат овие обувки. Gwyneth Paltrow, Uma Thurman и Victoria Beckham веќе се на листата на чекање, откако си нарачаа по еден пар на spring/summer ревијата на Berardi во Парис. Кондурите ќе бидат во продажба само во "Browns" продавниците во Лондон, а за нивно добивање секој заинтересиран ќе мора да ги нарача 5 недели порано. Дизајнерот за оваа креација се инспирирал од латиноамериканската музика и постмодернизмот од 80-тите.  |