Lenny Kravitz и Eric Prydz во Охрид Печати Е-меил
[14-04-2008 | 01:04 часот]
 Мега ѕвездите Lenny Kravitz и Eric Prydz ова лето ќе бидат главна атракција во Македонија. Гостувањето на единствениот супер стар диџеј кој првпат...

 

... доаѓа кај нас, е закажано на 9 август во Охрид, додека настапот на Kravitz ќе се случи неколку дена порано (3 август).

Аволонци решиjа Lenny Kravitz да гостува во Охрид а не некаде во соседствот, и со тоа ова лето да го направи побогато и поинтересно за домашната публика.

Од продукцијата најавуваат уште неколку интересни информации кои наскоро ќе излезат во јавноста.

Eric Prydz во моментов е дефинитивно најпознатиот светски диџеј и продуцент.

Стана славен со мега хитот "Call on Me" со кој пет недели беше на англиската топ листа.

Тој е и единствениот диџеј кој добил дозвола за преработка на песната од Pink Floyd - "Another Brick in the Wall".