LG го најави најтенкиот мобилен Печати Е-меил
[14-04-2008 | 21:56 часот]
 После популарните "Chocolate" и "Shine", компанијата LG на крајот на април ќе промовира уште еден мобилен телефон од серијата "Black Label". Според најавите...

 

... кои доаѓаат од компанијата, новиот телефон ќе биде уште потенок од досегашниот фото рекордер - Samsung G600.

Тоа значи дека ќе има дебелина помала од 14.9 милиметри, и ќе биде најтенкиот мобилен во категоријата - телефони со 5 мегапиксели камера.

Телефонот ќе има интегрирана камера од 5 мегапиксели, екран осетлив на допир, и ќе има супер стилизиран изглед.

Официјалното име на телефонот сеуште не е соопштено, како и цената и другите спецификации.

Според најавите, сите останати детали ќе бидат објавени на крајот од месецот кога се очекува и официјалната промоција на мобилниот телефон.