Дали мажите изневеруваат повеќе од жените? Дали неверството треба да се признае? Прочитајте ги 10-те митови за неверството и вистината која стои зад нив.
Мит бр. 1: Луѓето изневеруваат бидејќи се несреќни Жените најчесто изневеруваат ако се несреќни во врската или баркот, додека кај мажите тоа не е случај. Многу мажи навистина ги сакаат својте партнерки со кои имаат задоволувачки сексуален однос, но сепак многу од нив не одбиваат прилика за афера. Мит бр. 2: Мажите изневеруваат повеќе од жените Тоа можеби било случај порано, но сега бројот на мажи и жени кои ги изневеруваат својте партнери прилично е изедначен. Жените најчесто чувствуваат грижа на совест, но бидејќи подобро лажат од мажите, често се извлекуваат неказнето. Мит бр. 3: Сите афери се вртат околу сексот Сексот не е единствена причина зошто луѓето изневеруваат. Аферите се еден начин на кој луѓето го добиваат она што не го добиваат во врската. Едни ја бараат изгубената младост, други можеби им е доста од пресовршен партнер, додека на трети едноставно им фали малку внимание... Мит бр. 4: Ако те изневери значи дека не те сака Можеби изневерените жени се чувствуваат така, но тоа е далеку од вистината. Неверството во краен случај значи само дека мажот не ве цени доволно за да ја почитува обврската спрема вас. Мит бр.5: Секс со поранешен не е изневерување Можеби ви се чини дека делењето на постелата со поранешниот партнер не е грев затоа што порано меѓу вас постоела врска. Но, внимавајте, можеби сексот со поранешниот партнер за вас е само секс, додека за него тоа е знак дека ќе се смирите повторно. Ако е така, тогаш тешко ќе му објасните на вашиот дечко зошто поранешниот непрестано ве бара и не ви дава мир. Мит бр.6: Еднаш жиголо - засекогаш жиголо Ова е скоро секогаш вистина. Ако вашиот партнер и порано не можел да биде верен, нема да ви биде верен ни на вас. Но, од друга страна, луѓето се менуваат. Сепак... тоа не е СЕКОГАШ случај. Мит бр.7: Неверството секогаш треба да се признае Ако вашиот партнер знае или се сомнева за вашето неверство најдобро е да признаете. Така ќе имате поголеми шанси да ја спасите својата врска, отколку да чекате да се соочи со вас. Но, ако постојат многу мали шанси вашето неверство да се открие - ДРЖЕТЕ ГО ЈАЗИКОТ ЗАД ЗАБИТЕ! Мит бр. 8: Ако нема секс, не се брои Истражувањата покажуваат дека аферите се најчесто со колегите од работа. Неверство кое карактеризира длабока врска помеѓу двајца кои најчесто не се ни свесни дека ја поминале границата на пријателството, често е поопасна за бракот од самото неверство. Мит бр.9: Копнеењето по некој е исто така неверство Многу сексуални терапевти не се сложуваат со ова тврдење. Напротив, сметаат дека копнеењето за друга особа е потребно за функционирање на долга врска. Се додека не одлучите тие копнеења да ги спроведете на дело. Мит бр.10: Аферите можат да ја спасат врската Овој мит го смислиле неверни луѓе за да ги оправдаат својте постапки. Можете ли да ја замислите оваа изјава - Твојата афера е најдоброто нешто што можеше да ни се случи?!? |