САД на олимпијада во "Polo" Печати Е-меил
[14-04-2008 | 22:45 часот]
 Летово американските спортисти во Пекинг ќе се "прошетаат" во облека со знакот на познатото коњче. Имено, минатата недела Polo Ralph Lauren и Американскиот...

 

... Олимписки Одбор потпишаа договор според кој Lauren треба да ги облече сите 1500 спортисти.

Тоа вклучува посебна облека за церемонијалнотот отварање и затварање на Олимписките Игри, како и за слободното време во Олимпиското село.

Во моментов, пазарот во Азија за Ralph Lauren е неспоредливо мал со оној во Америка и Европа, па така од оваа куќа се надеваат дека овој потег ќе ги катапултира кон успехот.

Посебната кампања под слоганот "Official outfitter of the US Olympic team" почнува во лето.

Oблеката брендирана со олимписките мотиви ќе биде достапна во продавниците во Америка, преку интернет, а не се исклучува и можноста да се појави и во продавниците низ Пекинг.