Наскоро - мирис преку мобилен Печати Е-меил
[15-04-2008 | 22:38 часот]
 Веќе е очигледно дека нема крај на "досетливоста" на вредните Јапонци. Овој пат тие понудија услуга со која преку мобилниот телефон, на пријателите...

 

... покрај звук, видео и слика, ќе може да им испратите и мирис.

Услугата наречена Mobile Fragrance доаѓа од јапонскиот оператор NTT Communications, а десетдневниот пробен период започна на 10-ти април и ќе трае 10 дена.

За испробување на услугата се избрани дваесет мажи и жени.

Тие добија пакет телефони и уред - кој споен со мобилниот ќе го испорачува посакуваниот мирис.

За да не остане се само на мирисот, услугата Mobile Fragrance Communication со испораката на мирисот може да испрати и аудио и видео запис.

Така во иднина ако сакате преку MMS да ги поканите пријателите на скара, покрај сликата и звукот тие ќе може и да го помирисаат она што ги чека.