|
Се спрема новиот Citroen C4 |
|
|
|
[15-04-2008 | 22:58 часот] |
Францускиот авто магазин "L'Autojournal" објави фотки кои според нивните информации во голема мера одговараат на новата генерација на Citroen-овиот компакт.
Преставен на есен 2004, C4 ја испрати во пензија Xsara-та и успешно го врати Citroen на стариот пат на славата. Со заменувањето на Xsara-та заврши долгиот период на безлични модели на Citroen, меѓу кои моделот ZX и претходно споменатата Xsara. Според новите фотографии нема причина за сомнеж за атрактивноста на наследникот. Закажан за 2010 година, новиот C4 го задржува свежиот дизајн на актуелниот модел. За да се остане во чекор со конкуренцијата од Citroen се учекува уште зголемување на квалитетот. Како до сега, C4 ќе се нуди со три и пет врати, спортска варијанта, како и хибридна изведба чии карактеристики се сеуште непознати.  |