Продадено порно од Marilyn Monroe Печати Е-меил
[16-04-2008 | 00:03 часот]
 Црно бела порно снимка на Marilyn Monroe каде таа пружа орален секс на неидентификуван маж е продадена по цена од 1.5 милиони долари, објави "NY Post"...

 

Снимката датира од 50-тите години од минатиот век. Снимена е на 16 милиметарски филм и е во траење од 15 минути.

Секс снимката е чувана над 40 години во сеф во FBI каде се третирала како голема државна тајна.

Во тоа време FBI сакале и пробале да докажат дека секс партнерот на Marilyn во снимката е John F. Kennedy, но не успеале во тоа.

Тогашниот директор на FBI - J. Edgar Hoover сомничел во љубовната врска на Kennedy а снимката ја чувал како можен доказен материјал.

Снимката не се знае кога е изнесена од FBI.

Екс сопругот на Monroe уште одамна сакал да дојде до видеото, но доушникот од FBI му ја одбил понудената цена од 25,000 долари.

Новиот сопственик на ова историско видео кој плати 1,5 милиони долари за него, изјави дека од почит кон глумицата, никогаш нема да дозволи ова видео да заврши на интернет.