Christian Lacroix конечно во New York Печати Е-меил
[16-04-2008 | 00:30 часот]
 Иако веќе две децении дизајнерот Christian Lacroix е во врвот на модата, тој дури сега ја отвори својата прва продавница во неизбежниот New York. Минатата...

 

... недела (10 април) беше официјалното отварање на локалот сместен во срцето на Manhattan на "57th Street", каде свои продавници веќе имаат Chanel, Dior, YSL и Louis Vuitton.

Lacroix за медиумите изјави дека не се осеќа дека "касни" со отворањето на продавницата во New York.

"Штотуку почнав голем бизнис овде. А големите работи сакам да ги правам во вистинско време и не вистинско место." - додаде дизајнирот.

На свеченото отворање очекувано гостуваа голем број холивудски ѕвезди.

Меѓу звучните имиња беа Sarah Jessica Parker, Diane von Furstenberg, Anh Duong, Amanda Brooks, и Blaine Trum...

Дизајнот односно ентериерот на продавницата е вистинско ремек дело кое го отсликува гламурот на 80-тите години.

Во прилог следат фотографии од отворањето...