Прва тастатура која може да се пере Печати Е-меил
[16-04-2008 | 23:04 часот]
 Американскиот производител на компјутерска опрема "Seal Shield", познат по тоа што ја истакнува важноста за хигиената при работата со компјутерот, го...

 

... промовираше својот нов производ - тастатура која може да се испере!

"Silver Seal", освен својот "горен" гумен дел кој може да се пере, изработена е од пластика која отпушта јони кои делуваат антибактериски.

За да се потполни хигиенската работа со компјутерот, освен тастатурата во понуда е и хигиенски маус.

Според тврдењата од компанијата, на тастатурата и маусот можат да се развијат колонии на бактерии во концентрација поголема од на пример даската од WC школката!

Цената на американскиот пазар на оваа "хигиенска" тастатура е 70 долари.