|
Првиот "Smart phone" часовник |
|
|
|
[16-04-2008 | 23:43 часот] |
Компанијата "Epoq" го претстави првиот рачен часовник - мобилен "EGP-98B" со вграден оперативен систем "Windows Mobile 5.0", кој поддржува и QUAD-Band...
... GSM за обавување на телефонски разговори и праќање на SMS и MMS пораки. Часовникот има 1.4 инчен OLED екран кој е осетлив на допир, а корисниците преку Internet Explorer можат да сурфаат на интернет преку GPRS или Wi-Fi. Капацитетот на вградената меморија изнесува 128 MB, а уредот доаѓа со вклучена 1GB microSD картичка. Трајноста на батеријата е декларирана на 150 минути разговор, односно 90 часа во мирување. Овој уред поседува и веб-камера со 1.3 MP, BlueTooth, VOIP и USB порт. Цената сеуште не е официјално објавена, додека на некои интернет страници се шпекулира дека "часовникот" ќе чини околу 400 евра.  |