Сексот зависи од вашата спална Печати Е-меил
[17-04-2008 | 23:06 часот]
 Водечките експерти од светот се согласија дека одличниот секс зависи и од состојбата на спалната соба, пренесува FemaleFirst. Во нивното истражување во Британија се...

 

...  утврди дека четвртина од анкетираните го оценуваат нивниот сексуален живот како просечен, додека втората четвртина сметаат дека нивниот сексуален живот е апсолутно катастрофален.

Речиси половина од Британците повеќе сакаат пред спиење да читаат книга или весник, или (22% од нив) да гледаат телевизија.

Само 8% сакаат да имаат интимни односи со партнерот пред спиење.

Според мислењето на експертите, проблемот се наоѓа во несоодветното окружување во спалната соба.

Првиот чекор во промената на досадната спална соба е - додавањето на црвена боја.

Свилените чаршави или водениот кревет, исто така се добра солуција за сексуалното расположение.

Откако ќе ја уредите спалната соба, на вас само ви останува да го прилагодите однесувањето на новото, посексипилно окружување.

И за крај... иако најверојатно се чувствувате најудобно во вашите розеви пижами со мечиња, мора да си признаете дека тоа сигуро не е најсексипилното парче облека во вашиот плакар.