|
Хибридите - здрави и економични |
|
|
|
[17-04-2008 | 23:18 часот] |
Електричните и хибридните автомобили се поисплатливи и се помалку штетни за околината од сите други алтернативи, објави Светскиот фонд...
... за заштита на природата (WWF). "Автомобилите во иднина мора да бидат поефтини, помали, полесни и по можност да работат на електричен погон", изјави директорот WWF - James Leap. Аналитичарите утврдија дека електричните возила се до три пати поисплатливи од возилата на гориво. "Она што е поважно, е можноста за нивна широка примена на овиe возила со постојната технологија и инфраструктура", наведува WWF. Еколошки чистите погони и употребата на обновливи извори на енергија за возилата, сосема е веројатно дека во иднина ќе ја истакнат огромната предност на електричниот транспорт.  |