|
Малку чистење - помалку стрес |
|
|
|
[17-04-2008 | 23:39 часот] |
Само 20 минути физичка активност неделно може значително да го подобри менталното здравје, дури и ако тоа се обични домашни работи, велат...
... научниците. Спроведеното истражување вклучило повеќе од 20 илјади мажи и жени кои учествувале во големата здравствена анкета направена во Шкотска, при што се докажало дека било каков вид активност е поврзана со помал ризик за стрес. Повеќе од три илјади испитаници се изјасниле дека страдаат од стрес или анксиозност, но истражувачите откриле дека оние кои се занимавале со физички активности вклучувајќи ги и домашните работи, градинарство и пешачење, имале подобра ментална благосостојба. Најсилен ефект е увиден кај оние кои се занимаваат со спорт - каде дури за една третина се намалува ризикот од стрес. "Ова истражување може да им даде надеж на оние кои чувствуваат душевна болка, дека малите, скоро незначителни промени во начинот на живот можат да ја подобрат душевната состојба и расположението", вели Ричард Колвил, портпаролот на британското здружение за ментално здравје. |