|
Sting крадел идеи за текстови |
|
|
|
[18-04-2008 | 16:38 часот] |
Легендарниот рокер Sting е обвинет за кражба на идеи за најголемите хитови на "The Police", поточно за хитовите Roxanne и Message In A Bottle, објави TMZ.com
Рокерот од Nevada - Roy Smith, тврди дека на една негова свирка се запознал со Sting и му ги раскажал приказните кои тој потоа ги употребил во текстовите на песните за "Police". Во нивното кратко познанство во 70-те Roy му раскажувал на Sting за времето поминато со проститутката Roxanne, и за тоа како и пишувал пораки на својата мајка што подоцна ги сместувал во шише. Smith уште додава и дека Sting се согласил да му исплати авторски права за песните, но тоа до сега не го сторил. Адвокатите на Sting ги отфрлија сите обвинувања, но потврдија дека има официјална тужба поднесена во полицијата.  |