|
Најзаводливите жени на сите времиња |
|
|
|
[20-04-2008 | 00:38 часот] |
Според една Британска анкета, Marilyn Monroe и Angelina Jolie се прогласени за "најзаводливи жени на сите времиња". Monroe - ја освои титулата најзаводлива...
... жена од минатото, додека Jolie - најзаводлива жена на сегашноста. Според истражувањето, заводливоста веќе одамна се изгубила во Британија. Трагично е што повеќе од половината испитанички изјавиле дека не се сметаат за заводливи - објави Telegraph. 51% од нив не се сеќаваат кога за последен пат заведувале некого, дури некои од нив веруваат дека тоа се случува само во филмовите. Шопинг, комплимент од партнерот или секси долна облека се во листата на посакувани нешта кај Британките кои брзо им го враќаат расположението. Скоро половина од нив најзаводливо се осеќаат во црна облека, додека 69% од анкетираните се согласуваат дека парфемот е тој кој прави мажите да се вртат по нив.  |