|
James Bond остана без возило (фото) |
|
|
|
[20-04-2008 | 16:33 часот] |
Сеуште неизлезениот Aston Martin DBS кој се користеше за последниот филм на 007 - "Quantum of Solace", при снимање излета од патеката и заврши во...
... италијанското езеро Garda. 150,000 евра вредниот автомобил при снимањето на познатите 007 бркотници неочекувано заедно со каскадерот завршиле во езерото. Продуцентите изјавија дека возачот е со мали повреди и е веднаш пренесен во болница. Тие додадоа дека возилото Aston Martin DBS кое заврши во езерото било едно и единствено за потребите на филмот. Новото издание на 007 во кој повторно главната улога ја има Daniel Craig ќе почне да се прикажува кон крајот на оваа година. 

 |