Кога е во прашање контролирањето на сексуалното однесување од страна на државата, САД е во водство затоа што има поголем број на секс закони од сите...
... европски земји заедно, пишува FoxNews. Покрај квантитетот, САД може да се пофалат и дека ги имаат најзастарените, незамисливи, смешни и најглупи "секс" закони во светот... - Замислете дека: секс играчките се забранети во Alabama, а Georgia за илегален го смета сексуалниот однос помеѓу невенчани индивидуи. Флертот е забранет во San Antoniо, Texas, а оралниот секс во Indianа. Ohio го забранува аналниот секс! - Освен мисионерскиот, Washington D.C. сите други сексуални односи ги прогласува за илегални, а во Minnesota е надвор од законот спиењето без облека. Повеќето Американци се согласуваат со тоа дека законите за сексуално однесување е потребно да ги заштитат малолетниците и децата, но им е малку смешно што државата им кажува како да го поминуваат времето со саканата личност во своите четири ѕида. - Кога е во прашање галењето, гушкањето и бакнувањето, на жителите на Idaho не им е дозволено никакво јавно искажување на приврзаност подолго од 18 минути. - Стар закон од Alabamа им забранува на мажите било каков обид на заведување на жената користејќи уметност, ласкања, поклони или ветување брак. - Дека законодавците се само загрижени за секслуалното задоволство на поединците, докажува и стариот закон на Калифорнија кој за илегално го прогласува тоа ако еден од партнерите доживее оргазам пред другиот за време на предиграта. При донесувањето на следниве закони, се поставува прашањето дали законодавците имале бујна фантазија или само вишок на слибодно време. - Florida во еден период со закон забранила сексуални односи со бодликаво прасе. Исто така, ист човек не смеете да го ожените три пати во некој градови во Kentucky. Во Minnesotа на мажите им е забранет сексуалнен однос со жива риба. - Северна Carolina за навредливо го прогласила сексуалниот однос на гробишта. - Жените во Dyesburg не смеат мажите да ги покануваат на состанок. Машките возачи во Detroit за време на возењето не смеат да зјапаат во жени, а во Kalamazoo (Michigan) на момчињата им е забрането на своите девојки да им пеат серенади под прозор. - Alexandria во Arizonа во минатото им забранила на мажите да имаат сексуален однос со сопругата ако здивот им смрди на сардина, кромид или лук. Мажите во Willowware (Oregon) можат да заработат парична казна ако за време на сексуалниот однос со својата сопруга зборуваат валкани работи, но нивните сопруги можат да кажуваат што сакаат. Стар закон во Florida им забранувал на мажите да ги бакнуваат градите на своите жени. Вакви глупави застарени закони веројатно има во скоро сите земји, но затоа што не постои полиција која го набљудува нашето однесување во спалната соба, не ни останува ништо друго освен слатко да "фаќаме сеир"! |