Tommy Hilfiger on-line телевизија Печати Е-меил
[20-04-2008 | 22:22 часот]
 Американската модна компанија Tommy Hilfiger се здружи со Sony BMG за да лансираат модна и музичка телевизиска веб страна. На TommyTV ќе можете да гледате...

 

... перформанси во живо, и модни ревии на нови уметници кои се спонзорирани од страна на Tommy Hilfiger. На страницата ќе има и ексклузивни интервјуа и дополнителни материјали од позади сцената.

"Овие музички уметници не би имале прилика да се докажат на друг начин.

Ова е отскочна даска за нови млади музичари кои имаат прилика да го покажат својот талент на глобалниот пазар, и да се поврзат со нашиот партнер Sony BMG", изјави Hilfiger во текот на лансирањето на телевизијата на која настапи париското дуо "One-Two".

www.tommytv.com