|
Armani LCD телевизор од Samsung |
|
|
|
[20-04-2008 | 23:36 часот] |
По Armani мобилниот телефон се чини дека соработката помеѓу дизајнерот и Samsung само се засилува. Изминатата недела на саемот во Милано, Giorgio...
... Armani ги престави новите LCD телевизори кои ги дизајнираше за Samsung, а се наменети првенствено за богатите европски, корејски и руски пазари. Топ моделите со големина од 46 и 52 инчи, покрај извонредниот дизајн се и со врвни перформанси односно 100Hz Full HD. Новиот дизајн од Armani е инспириран од неговата нова 2008/09 "Armani Casa" колекција. На промоцијата на саемот не се презентираа подетални технички детали ниту пак беше најавена цената. Се најави само дека во продавниците овие модели ќе се најдат во средината на летото.  |