|
Дизајнирај за LG и освои награда |
|
|
|
[21-04-2008 | 22:31 часот] |
Компанијата LG организира натпревар под името "Innovation Challenge", кој има за цел да одбере најдобар дизајн за некој од следните модели на мобилни телефони...
LG со овој проект ги повикува сите заинтересирани приложат дизајн за "мобилниот од своите сништа", а трите најдобри решенија ќе бидат богато наградени. Конкурсот е отворен до 30-ти април, а победниците ќе бидат објавени на 31-ви мај. Прво наградениот ќе добие 10.000 долари во кеш, LCD телевизор со дијагонала од 52", HD-DVD/Bluе-ray уред, како и најновиот мобилен на LG. За жал, на конкурсот можат да учествуваат само жители на САД. Ако сте заинтересирани... со време барајте некој далечен роднина за да аплицира со вашето идејно решение! lginnovation.com |