|
Цигари и алкохол = Alzheimer |
|
|
|
[21-04-2008 | 22:41 часот] |
Истражувањето кое го спроведоа научниците во САД покажа дека луѓето кои пијат и пушат, се повеќе склони кон Alzheimer - овата болест, отколку оние кои не се...
... уживатели на овие пороци. Во истражувањето учествувале 938 луѓе, постари од 60 години, на кои им е дијагностицирана веројатна Alzheimer-ова болест. Откриено е дека кај оние кои конзумирале многу алкохол Alzheimer-овата болест се равила 4.8 години порано, а додека кај страствените пушачи се развива 2.3 години порано одколку кај непушачите. Комбинацијата на алкохол и цигари ја поттикнува појавата на Alzheimer-овата болест, што овие два фактори ги става во групата на најризични фактори за оваа болест. Истражувањето е прикажано во Chicago на јубилејната 60-годишнина од заседанието на американската академија за неурологија.  |