USB стик - тестер за бременост Печати Е-меил
[22-04-2008 | 22:57 часот]
 USB стиковите не се повеќе само за складирање и пренесување податоци. Со USB-то на P-Teq ќе може и да си направите тест за бременост!...

 

Употребата на тестот, е иста како онаа на обичните тестови за утврдување на бременоста.

Посебната лента, потребно е да ја ставите во контакт со мокрачата, и тука завршува сличноста. На другиот крај се наоѓа USB стикче кое треба да го вклучите на компјутер.

Анализата се одвива во самиот USB. Се анализираат хормоните hCG, hCG-H и LH, чие ниво се менува доколку жената е бремена.

Исто така, анализата може да се користи и за планирање на бременоста, бидејќи покажува кога во телото се одвива овулацијата.

Овој тест точно го покажува нивото на хормони, а на самиот  LCD екран, на USB стикот се појавува симбол на бебе и датумот кога би требало да биде породувањето.

По направеното тесирање, потребно е да се промени тестната трака.

Производителот во пакет нуди 20 траки за тестирање, и гарантира 99% точност во утврдувањето на нивото на хормони.

Но, високото ниво на одредени хормони не мора нужно да укажува на бременост.

Затоа за 100% сигурност, потребно е да посетите лекар, или да причекате 9 месеци.

Цената на овој  USB тест за бременост во САД е 18 долари, или помалку од 900 денари!