Со оглед на "немаштијата" во која се наоѓа Италија, една деловна жена се сети како жените секој ден можат да имаат нова облека, без да ја купуваат. Таа отвори...
... голем бутик за изнајмување, и го оствари сонот на секоја жена. Големиот "ормар", е продавница во која жените можат да дојдат, да си одберат парче облека и за 2.9 евра дневно, или 87 евра месечно, можат да си направат различни комбинации, а при тоа секој ден да бидат различно облечени. Помошта стигнала од локалните бутици, кои во “ормарот“ подариле по неколку парчиња облека во промотивни цели, а најавуваат дека тоа ќе биде практика за секоја сезона. Жените кои ќе сакаат да го користат “ормарот“, мора да платат 87 евра за месечна членарина, што е значително помалку, отколку да ја купуваат облеката. 87-те евра месечно, значат по 2.9 евра на ден со што се покриваат трошоците за хемиското чистење на облеката. Проектот е одговор на моменталната криза во Италија, а е наменет за сите жени кои сакаат или мораат, и со оглед на високата инфлација, да бидат секој ден средени и дотерани. |