|
Мокри чорапи - мирен сон! Или не?! |
|
|
|
[22-04-2008 | 23:22 часот] |
Заслугите за решението на овој проблем му припаѓаат на баварскиот свештеник Sebastian Kneipp, кој е основач на еден вид алтернативна медицина...
Kneipp овој концепт на третирање на несоницата го промовирал уште пред 100 години, а денес научниците го потврдуваат?! Пред спиење, потребно е да облечете мокри чорапи кои се натопени во ладна вода. Потоа облечете еден пар суви волнени чорапи над мокрите, и легнете си. Научните истражувања покажуваат дека постои врска помеѓу ладните нозе и несоницата. Со овој третман, ладните и мокри чорапи ја стимулираат циркулацијата на крвта и ја насочуваат кон стапалата. На тој начин стапалата се загреваат и помагаат за побрзо заспивање. По статијата која излезе еден блогер се одлучил веднаш да ја примени "терапијата". Тој напиша: "Ги следев инструкциите. Во 1:30ам облеков мокри, а врз нив пар суви волнени чорапи и си легнав. Во 3:30ам, бев уште буден и нозете ми беа чорба!".  |