Како порнографијата ве расипува? Печати Е-меил
[24-04-2008 | 00:03 часот]
 Новите истражувања на психолозите покажаа дека прекумерното ужување во порно материјали не ги прави мажите сексуални ѕверови, туку напротив...

 

... тие со тоа стануваат премногу пребирливи.

Naomi Wolf пишуваше за "New York Magazin" за тоа дали порнографијата ги одвраќа мажите од реалниот свет.

Според нејзиното мислење, колку мажите повеќе уживаат во неверојатно големите гради и совршено издепилираните вагини на порно глумиците, толку тие имаат поголеми очекувања од просечните жени.

Психолозите Sara Gutierres и Douglas Kenrick ги проучуваат реакциите на мажите према убавите жени веќе со децении.

Заклучокот е секогаш ист, штом се навикнат на совршените порно глумици, нивните очекувања кон просечните жени растат.

Своето прво истражување го спровеле во седумдесетите години.

На група мажи им пуштале серии во кои глумиците се совршено згодни и убави, а потоа им дале да оценуваат потенцијални партнерки за состанок.

Нивните оцени, за разлика од мажите кои гледале "обична" серија, биле поразувачки.

Секако, ни жените не се имуни на влијанија.

Меѓутоа, нивните нереални очекувања се во врска со романтиката и љубовта кои произлегуваат од романтичните холивудски филмови и "chick" литературите.

Naomi Wolf според тоа заклучува:

"Во поголемиот дел од човековата историја еротските слики биле одраз или замена за вистински голи жени.

Меѓутоа во поново време, моќта и магијата на тие слики ја одминала вистинската женска природна убавина.

Денес, просечните жени се едноставно лоша порнографија"!