Ако навистина многу ги посакувате изразените стомачни мускули, а не ви се вежба, не очајувајте. Најновата супер прецизна липосукција, која ги истакнува...
... стомачните мускули и прави да личите дека сте во топ форма, отсега е достапна за 7.000 долари. Меѓутоа, освен што ви требаат пари, треба да исполните и неколку здравствени услови. Докторот Aldo Benjamin Guerra кој ги извршува овие операци, вели дека истата ќе биде успешна само доколку пациентот има еден до два сантиметри масно ткиво на целната област. Ваквите операции се бескорисни ако пациентот има "обесена" кожа која обично е последица од нагли губења на килограмите. Иако операцијата трае само еден до два часа, пациентите треба да бидат спремни на прилично болно опоравување, а постоперативните отоци ќе бидат видливи и после неколку месеци. Некои пациенти мораат да поминат и по две процедури за задоволителен резултат, а можни се и други компликации. Затоа, многумина сеуште се одлучуваат за варијантата - вежбање... |