И покрај економската криза што го зафати светот, пазарот на мобилната индустрија е во постојан растеж. Аналитичарите од "Strategy Analytics" објавија дека во...
... првиот квартал од годинава ширум светот се продадени 282 милиони мобилни, што е зголемување од 12 проценти во споредба со минатата година. Според проценките, во вториот квартал, производителите на мобилни ќе продадат околу 290 милиони апарати. Убедливо прво место на пазарот се уште е Нокиа, со 41% од пазарот, потоа следат Самсунг Електроник со 16, односно Моторола со нешто помалку од десет проценти. Од друга страна, аналитичарите на компанијата ТНС објавија дека СМС пораките дефинитивно изумираат. Со се поголемото воведување на апарати што имаат можност да се поврзат со интернет и со откривањето на можноста за користење на IM апликациите на мобилните. Студијата е направена на примерок од 17 илјади луѓе во 30 земји од светот. Од 100 испратени пораки (преку маил, ММС и слично), 38 отсто се СМС пораки, но од кога е раширена употребата на мобилниот ИМ, бројката опаѓа на 23 испратени СМС пораки. Најголемиот број СМС пораки ги испраќаат постари луѓе, на кои им е дефинитивно еден од најпрактичните начини на мобилна комуникација.  |